Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата.
– Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила.
Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија од МВР.