Пороен дожд, грмежи и засилен ветер – најавено невреме во Македонија

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло.

Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C,

а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде