Шокантни детали: Убиство со умисла – по банална расправија 21-годишник убил војник

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод, кој се сомничи дека лишил од живот едно лице во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.

Како што информираа попладнево од Јавното обвинителство на Република Македонија, за осомничениот постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 од Кривичниот законик, а жртвата е професионален војник во АРМ.

Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа, стои во соопштението од ЈОРМ.

Оттаму дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде