Фејсбук статус на Александра Алексиеска:
Со многу љубов кон вистината и правдата ќе ви споделам едно непријатно искуство што го имав вчера во хирургија- Охрид,(15.07.2024/ 00:30h) нормално, со цел за нештата да се придвижат кон подобро.
Вака ќе почнам.
За да бидеш доктор мора да имаш нешто љубов, нешто срце и нешто душа.
Не си доктор само со диплома. Секоја ЧЕСТ на исклучоци.
Знаеле древните, како Хипократ за тоа нешто, затоа сеуште во негово име се даваат заклетви.
Вчера јас: Александра Алексиеска имав инцидент со прстот, врз него се затвори врата од багажник на кола. Од болка едвај останав при себе. Другарките што беа до мене, ме однесоа на брза помош, а од брза помош ме пратија со упат на хирургија.
На хирургија немаше ни шалтер ни жив човек. Имаше само едни големи сиви врати и едно ѕвонче. Заѕвонивме на ѕвончето еднаш, чекаме, нема никој…. Двапати…. Нема никој…чекаме.. трипати… нема никој, во силна болка, со голем оток и очигледен деформитет на прстот се молам некој да отвори. Поминува време, а почнувам и да се сомневам дали воопшто сме на право место, нема ни повидок од пружена помош. На четвртиот пат излегува медицинска сестра, со изиритиран поглед и згрчена вилица, наполнета со ароганција и го кажува ова
“ Умира некој? Има некој крв од глава да му тече, нормални сте вие што ѕвоните толку пати? Така се звони само кога некој умира” (агресивно го нагласува тоа неколку пати)
Невкусно, ниско и невоспитано. За убав човек мајка и татко те учат, ама ете, некои ко да не се дојдени од мајка.
Јас и враќам
“Ве молам, имам силна болка се повредив.. и објаснувам како.. ме пратија кај вас”. Воопшто не сака да слуша, добивам само едно дрско “Влези внатре” Другарките ги бркаат надвор, не ги оставаат ни во ходник.
Влегувам внатре. Се појавува докторот(ми доаѓа за момент душа на место) а тој, (кој подоцна ќе биде именуван)- со најгрд, обездушен тон ми вика “Што е работата? Кај гори ? Дали умира некој па да ѕвоните толку пати”
Му велам
Моментално имам голема болка во прстот, се шири низ целата рака. Ми треба помош.
Како одговор добивам ” И за еден прст ѕвоните толку пати, како не ви е срам”
Стои на дистанца и воопшто не погледнува во повредата.
Се обидував да бидам трепелива и покрај целата болка, уште продолжуваше да се зборува за тоа кој и зошто звонел толку пати, а не зошто не ни отвориле побрзо.
Едвај собирав сила да зборувам, со благ тон им велам:
“Не би ѕвонела ако немав мака, а ако не треба да се ѕвони четири пати и да се чека толку време пред врата, зошто тогаш не отворите од прв пат?”
Толку многу ги повреди тоа прашање, што сите заедно вербално почнаа да ме напаѓаат. И докторот и сестрите. Дел од тие пискотници и некултура ќе напишам тука.
“Ние за твојот прст треба на врата да седиме? Да чекаме да звониш и одма да трчаме да ти отвориме. Што се замислуваш ти? Како се осмелуваш да прашаш зошто не сме отвориле побрзо?” Коментарите продолжуваа, само знам дека почна сериозно да ми се заматува во главата, не можев веќе ни да ги следам што зборуваат.
Добив шок, кој сега беше измешан со физичка и емотивна болка. Одам да барам помош, добивам напади и навреди.
Очајна од болка со тивок глас му се обраќам на дотичниот доктор.
“Не можам веќе, ќе ми помогнете или не?”
Добивам за возврат едно ужасно, дрско и гласно
“Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ “
Тука физичката болка веќе престанав да ја чувствувам, надвладеа таа другата. Станав и тргнав да си одам, не знаев од паника како да ја отворам вратата, слушнав само “стисни на белото копче”
Ми помогнаа да си одам.
“Е НЕМА ДА ТИ ПОМОГНЕМЕ” ми одзвонуваше во главата
Тоа е дело што подлежи на законски акт. Не треба доктор да се моли за помош, тоа е должност и обврска.
Дали се работи за глава или за прст, болка е болка, а должноста треба да се знае.
Паднавте голем тест луѓе, многу ми е жал.
Пред титулата “доктор” треба да стои титула- ЧОВЕЧНОСТ.
И нема земски, ама има космички закони. Многу, многу посилни.
Кога веќе срцето ви е толку затворено и несочуствително, барем од тие закони би требало да се плашите.