Си ја купи слободата за 70.000 евра: Излезе од притвор Албанката која ја предизвика сообраќајката во која загинаа брат и сестра во Хрватска

Албанката Клевиша Имери (29), која во април во месноста Ратац во Хрватска предизвика сообраќајна несреќа во која загинаа 21-годишниот Стјепан Ѓерек и 19-годишната Катарина Ѓерек, излезе од истражниот затвор за да се брани од слобода. Ова е одлуката на судијката на Жупанискиот суд во Дубровник, Дубравка Џивановиќ од 10 јули.

На Албанката ѝ беше одреден истражен притвор поради ризик од бегство, а Џивановиќ во одлуката за ослободување потврди дека таков ризик сè уште постои. И покрај ова, беше одредена кауција од 70.000 евра со која Имери си ја купи слободата засега.

Револтираното семејство на жртвите започна петиција, барајќи правда за Стјепан и Катарина. Петицијата досега има собрано повеќе од 3.000 потписи.

– Со оглед на тоа што обвинетата е во истражен затвор од 12 април 2024 година, односно речиси три месеци, обвинителниот совет смета дека истата цел за која е продолжен притворот може да се постигне и со поблаги мерки, поточно со утврдување гаранција во износ од 70.000 евра во готовина, која доколку се плати, притворот може да се замени со мерки на претпазливост, се вели во одлуката на судот.

Неправилно претекнување

Несреќата се случила на 9 април околу 20:40 часот во градот Ратац и во неа учествувале три возила. До несреќата дошло кога Имери со возило со словачки регистарски таблички почнала непрописно да го престигнува возилото пред себе, предизвикувајќи фронтален судар со приватно возило со макарска регистерски таблици управувано од 21-годишниот Стјепан од спротивната насока.

Како резултат на судирот на местото на настанот, Стјепан и Катарина загинале, а Имери се здобила со полесни физички повреди, соопштија тогаш од полициската управа Дубровник-Неретва. На 11 април била пуштена од болница и уапсена, а на 12 април била пренесена во истражниот затвор.

Извор: newz24live

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде