Страотна несреќа: 18-годишник со тешки повреди пренесен на Клиника

Вчера во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од пат кој води кон улицата „50“ во село Радишани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан“,

управувано од 56-годишниот А.Л. и мопед „пијаџо“, управуван од 18-годишниот М.Н., двајцата од Скопје, а двете возила со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде