ТАЖНА ВЕСТ: Почина легендарниот диџеј и продуцент

Германскиот диџеј и продуцент Томкрафт, со вистинско име Томас Брукнер, почина на 49-годишна возраст.

Неговото семејство го потврди ова преку објава на Инстаграм. Причината за смртта се уште не е потврдена.

„Со тешко срце мораме да ве информираме дека на 15 јули 2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг.

Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се сретнеме. Со почит, твоето семејство, напишаа тие.

Диџејот и продуцент од Минхен беше најпознат по прогресив хаус и транс. По средбата со германскиот продуцент Ениак во 1996 година, тој создаде голем број хитови со него, вклучувајќи ги „Viva“ и „Prosac“, кои постигнаа голем успех во раните 2000-ти.

Во 2002 година, Томкрафт го издаде „Loneliness“, сингл кој една година подоцна ќе биде на врвот на музичките топ листи. Тој објави вкупно четири албуми за време на неговиот живот, сите во рок од само шест години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде