ВОНРЕДНО Критична ситуација во кавадаречко, пожарот се приближува на селото Шивец и црквата

Пожар му се заканува на кавадаречкото село Шивец.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека горат сува трева и трња, но ако продолжи, пожарот ќе се спушти во долот многу бргу.

Предупреди дека во близина има и црква и други дрва кои нема да биде можно да се изгаснат.

Пожарникарите ќе бидат распоредени на местото, а побарана е и поддршка од полицијата и локалното население.

Истовремено, пожар на отворено изби и кај Сирково, Росоман.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде