Регионот тагува: Почина познатиот српски музичар

На 79-годишна возраст во Ниш почина познатиот музичар Риста Трајковиќ.

На 76-годишна возраст во Ниш почина Риста Трајковиќ, еден од најголемите нишки џез-музичари.

Риста Трајковиќ е роден во 1948 година во Аранѓеловац, а основно и средно училиште завршил во Ниш.

Дипломирал на музичката академија во Белград, на катедрата за флејта кај професорот Миодраг Азањац. Магистрирал на Загребската музичка академија, отсек саксофон.

Основач е на загрепскиот џез секстет со Ладислав Фидри, а со Саша Несторовиќ го формира загрепскиот дувачки квартет. Работел во џез оркестри во РТ Загреб и РТ Сараево, а од 1976 година бил член на Европскиот биг бенд.

Работел и свирел во Ниш од 1984 година и бил член на Naisus Big Band и Nishville Big Band, а бил и член на Afro Jazz Summit и Ethno Connection во Рим.

Ја основал школата за саксофон во 1995 година, а бил постојан соработник на RT Sofia Big Band.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде