Силно невреме попладнево во овој македонски град, направена голема материјална штета

Два 110-киловолтни далекуводи кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија, потврдија за МИА од Електродистрибуција.

Оттаму велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето со електрична енргија.

Невреме  зафати попладнево делови од главниот град, кое беше проследено со дожд и силен ветер. Во општина Аеродром снема струја и дел од семафорите не работеа.

По невремето, корисниците добија струја, но по кратко време снабдувањето со електрична енергија прекина што се должи на штетата во дистрибутивната мрежа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде