Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, во следните часови како резултат на ладен атмосферски фронт од север и тоа во горниот слој од атмосферата, во Македонија и тоа особено во планинските места, но и во оние населени места кои се во близина на планините се очекува локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во ваква ситуација, можна е и појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, краткотрајно силен ветер, како и со појава на град. И во делови од Скопската котлина не се исклучува можноста за развој на вакви грмотевични облаци.
Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат екстремно високи и касекаде ќе надминуваат 30/35 степени, додека во Скопската котлина, како и во централните и во југоисточните предели тие ќе се искачат и над 40 степени.
Слична ситуација со времето ќе имаме до самиот крај на оваа недела, а како што претходно најавив, поголемо освежување на времето се очекува во текот на следната седмица, но многу повеќе детали околу ова ќе имам во следните мои метео објави.