74-годишна жена загина откако со своето возило од досега непознати причини излетала од магистралниот пат Стража – Гостивар.
„Денес во 08.40 часот во СВР Тетово били пријавено дека на магистрален пат Стража – Гостивар, патничко возило „спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(74) од Скопје, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди, Л.А. починала на местото.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител,
по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“ се вели во билтенот на МВР.