Едно лице е рането, а еден е приведен по синоќешното пукање кое се случило на улицата „Дижонска“ во скопската насечба Чаир, oбјави МКД.мк
Ранетиот е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“.
Обидот за помирување меѓу две семејства завршил со пукање.
Ранетиот е во стабилна состојба.
Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.
Повеќе детали наскоро од МВР.