Непознато лице денеска пукало во поранешната пратеничка во украинскиот парламент и ултрадесничарска политичарка Ирина Фарион.
Засега не се знае дали истрелот бил фатален, а Фарион била однесена со возило на брза помош, пренесе Укринформ.
Според очевидци, таа била застрелана во слепоочницата, а напаѓачот имал ракавици и оружје без придушувач.
Како што пренесуваат каналите Телеграм, Фарион е во критична состојба.
Фарион работела 30 години како професорка по украински јазик на Националниот универзитет во Лавов, а на крајот на минатата година била отпуштена од работа по изјавите во кои го доведувала во прашање патриотизмот на припадниците на украинската армија кои зборуваат руски и објавувањето на проукраински изјави и приватната адреса на е-пошта на еден студент на Крим, што доведе до негово апсење.
„Знаеш ли што е дисциплина во армијата? Ако нема дисциплина во армијата, нема војска. Тоа е толпа!“ – рече Фарион, истакнувајќи дека „војниците кои не зборуваат украински можат да се нарекуваат Руси“.
После тоа, студентите на „Лвов Политехника“, Националниот универзитет во Лавов и Националниот универзитет за технологија и дизајн во Киев протестираа против Фарион.
Исто така, Службата за безбедност на Украина, СБУ, објави дека ги истражува контроверзните изјави на политичарката.