Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди северниот дел на Чиле, во близина на границата со Аргентина, а засега нема извештаи за повредени или поголема материјална штета, соопшти Американскиот геолошки институт.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 45 километри југоисточно од градот Сан Педро де Атакама, на длабочина од 117 километри.
Не е издадено предупредување за цунами.
Претседателот на Чиле, Габриел Борич на Х напиша дека според првичните информации нема извештаи за повредени или поголема материјална штета.
Борич информира дека поради земјотресот делови од карпа паднале на автопатот што ги поврзува општините Калама и Токопиља, источно од епицентарот, а во градот Сан Педро де Атакама дошло до прекин на електричната енергија.
Чиле се наоѓа во таканаречениот „огнен прстен“ на Пацификот, каде што земјотресите се чести