Град со големина на лешник направи огромни штети: Силно невреме зафати делови од Македонија и Србија

Силно невреме пропратено со силен дожд и град попладне зафати делови од општина Горњи Милановац, а најмногу селата на падините на Сувобор и Рајац, во соседна Србија.

Градот со големина на лешник нанесе најголеми штети на земјоделските култури, додека нивото на реката Чемерница драстично порасна поради обилните врнежи од дожд.

„Реката Чемерница толку многу се покачи што нејзиното ниво порасна за повеќе од еден метар“, изјави за Танјуг Јован Николиќ од Коштуниќ.

Невремето не ја заобиколи ниту Македонија. Во одредени делови од нашата земја веќе има интензивни врнежи од дожд.

Според УХМР, поизразена нестабилност има во регионот на Велес. Од неа има појава на пороен дожд и грмежи и краткотрајно услови за појава на град.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде