Со странско „ауди“ удрено малолетно девојче – со тешки повреди итно пренесено во болница

Малолетничка од Делчево е повредена откако во неа удрил автомобил со германски регистраски таблички. 

Како што информираат од МВР, малолетничката завршила во болницата во Штип, а на терен увид извршила екипа од Делчево. 

– На 18.07.2024 во 20.20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, управувано од Д.И.(29) од Делчево, удрило во малолетен пешак од Делчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево – се наведува во соопштението. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде