На 20.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на с.Трапчин Дол, кичевско,
се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.Ф.(74) од Скопје и патничко возило „тојота“ со чешки национални ознаки, управувано од П.Х.(44) од Република Чешка.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Т.Ф. и А.Х.(78) од Република Чешка, сопатничка од возилото „тојота“,
додека со телесни повреди се здобиле возачот П.Х. и тројца негови сопатници, П.С.Х.(44) и двајца малолетници, сите од Република Чешка, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.