Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.
Попладне особено во северните и источните делови од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде девет.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 39 степени.