Ужасни детали од трагедијата која го потресе регионот: Убиецот бил воен пензионер, во крвавиот поход ја убил мајка му и четири други лица

Во страшениот инцидент што се случи утрово во Дарувар, пензионираниот воен полицаец К.П. (51) уби пет лица и рани уште пет во Дом за стари лица. Меѓу убиените е и мајката на напаѓачот, како и жители и вработени во Домот.

По крвавиот поход, напаѓачот седнал во блиско кафуле и нарачал пијачка пред да биде уапсен од полицијата.

Вработен во продавница во Дарувар за Дневник.хр раскажа како двајца вработени во Домот за стари лица налетале во неговата продавница, едниот со повреда на окото, а другиот со куршум во градите.

Му кажале дека во домот дошол маж и пукал со пиштол кон корисниците и вработените.

Вработената во продавницата веднаш повикала брза помош, но и полиција, бидејќи повредениот го препознал убиецот и го видел како влегува во блиското кафуле. Се јавив и во полиција и им кажав каде е убиецот. Тој наводно седнал и нарачал пијачка, а пиштолот го ставил на масата“, изјавил вработен во продавница за Дневник.хр.

Премиерот Андреј Пленковиќ изрази згрозеност од убиството, велејќи: „Згрозени сме од убиството на пет лица во Домот за стари лица во Дарувар. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите и надеж за оздравување на ранетите. Очекувам надлежните органи да ги утврдат сите околности на страшното злосторство.“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде