Младо момче од Македонија ненадејно почина во Германија – потребни се средства за телото да биде донесено во родното место

Зоран Ангеловски по потекло од Свети Николе вчера ненадејно починал во Германија, објавено е на социјалните мрежи од Македонци кои живеат во Германија.

– Почитувани, сакаме да ве известиме дека вчера, на 22.07.2024, ненадејно почина наш сограѓанин Зоран Ангеловски, роден 25.10.1974.
Бидејќи човекот живеел сам во Карлсфелд, С.Р Германија и немал фамилија овде потребни се средства во висина од 3.000 € за превоз на покојниот за Свети Николе, Македонија, за да биде таму погребан. Ќе ве замолиме, доколку сте во можност, да помогнеме покојниот да се врати доле, објавено е на страната МPC Sv.Troica – Мinhen.

Вашата донација можете да ја уплатите на следнава банкова сметка:

Zhivko Mitev
DE68 7004 0045 0542 1052 00
Verwendungszweck: Transport Verstorbener Zoran Angelovski

– Се работи за сметка на неговиот другар тука во Минхен кој ќе се погрижи за целата работа околу транспортот. Слободно контактирајте го човекот на следниот број: 0152 22740665 Благодариме! Бог да го прости и нека го прими во Царството Небесно, Амин!, стои во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде