Покрај командирот на ТППЕ Штип, повреден уште еден пожарникар: Паднале во дол при гаснење на пожарот и ги скршиле рацете

Повредени се двајца вработени од Тертиторијалната противпожарна единица во Штип при вчерашното гаснење на пожарот кај старата штипска депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, дополнуваат од Општина Штип.

МИА претходно информираше дека командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ)-Штип Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Синоќа заедно со него во болницата е хоспитализиран уште еден штипски пожарникар, кој бил заедно со командирот на ТППЕ-Штип при гаснењето на пожарот. Двајцата додека го гаселе огнот паднале во дол, по падот командирот на ТППЕ-Штип Ренџов се здобил со скршеници на двете раце, а пожарникарот има скршеница на едната рака.

Во штипска Клиничка болница се хоспитализирани синоќа околу 20.30 часот, а командирот на ТППЕ-Штип е задржан на болничко лекување, откако претходно и бил опериран.

Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде