Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според УХМР, до четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи.
Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер.