Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 02:42 часот е регистриран во Јадранското Море, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на 48 километри северозападно од Тирана и на 35 километри северозападно од Драч.
Земјотресот бил на длабочина од 7 километри.
Земјотресот најмногу бил почувствуван во Албанија, но и во Хрватска и во Црна Гора.
Засега нема извештаи за повредени лица или за предизвикана материјална штета.