Ова е за во затвор: Албанец претекнувал камион во тунел преку двојна „полна“

На Фејсбук страницата „Prometne zgode i nezgode“ вчера била објавена снимка од возач кој во тунелот кај излезот за Плоче вози во спротивна лента.

Тој претекнува камион преку две полни линии и среќа е што никој не наишол од спротивната страна.

Како што се наведува во објавата, станува збор за автомобил со албански регистарски таблички.

Ова се некои од коментарите на страницата:

„Го снимиле камерите во тунелот. Вакви луѓе треба да се приведат, да добијат астрономска казна, да им земе автомобилот и да им се забрани влез во Хрватска на 10 години“.

„Се надевам дека е пријавено во полиција, таблички, снимка. Доволно“.

„Ова е за во затвор, требало веднаш да се информира полицијата за да го чека“.

„Браво фраеру, удри си шлаканица кога ќе се видиш во огледало“.

Порталот „Index“ ја контактирал полицијата во Дубровник на оваа тема, но сè уште не добил одговор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде