Синоптичарите утрово со најнова прогноза: Следува промена на времето – ЕВЕ КОГА

Времето денеска и утре и понатаму ќе биде сончево, но со мала до умерена облачност. 

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, услови за дожд, но и грмотевици ќе има уште во претпладневните часови. 

– Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. UV=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер – објавија од УХМР. 

Температурите денеска се очекува да се искачат над 30 степени, а максималните секако долж повардарието и во јужниот дел на земајва ќе бидет околу 33 степен. 

Веќе од петок се очекува стабилизација на времето, но и раст на температурите. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде