Трагедија го потресе ракометот: Ракометарка (31) пронајдена мртва во својата викендица

Словачката јавност ја потресе трагичната вест за смртта на ракометарката Синтија Симсик, која беше пронајдена мртва во градината на нејзината викендица во Велки Медер.

Телото на Симсик било завиткано во најлон и фрлено во градината, а првобвинет од тамошната полиција е нејзиниот 44-годишен партнер, кој се соочува со 25 години затвор.

Симсик била пријавена за исчезната пред пет дена од страна на нејзиниот татко, а телото било пронајдено во понеделник вечерта на местото каде што најчесто си играле нејзините деца.

31-годишната Симсик ја започна кариерата во Паркањ, а најголем дел од кариерата десниот бек го мина во Унгарија, каде играше за Сент Иштван, Сомбатељ, Чурго и Дебрецин.

Извор: newz24live

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде