Трагична вест ја потресе Македонија: Четиримесечно бебе починало во болница

Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде