Вчера во попладневните часови, преку социјалните медиуми, популарната пејачка Анета Љумаковска се прости од својот татко кој ненадејно почина во Битола.
Пејачката на својата стори објава, стави слика каде е во друштво на својот татко и напиша:
“Ужваше секогаш кога ти пеев. Јас ќе продолжам да пеам, а ти ќе ме гледаш и ќе ме слушаш од таму горе некаде кај ангелите. Секогаш беше моја гордост. Почивај во мир тато”.
Тажната вест за смртта на сопругот ја сподели и мајката на Анета, Лилјана Љумаковска која со емотивна посевета се прости од својот верен брачен другар:
“Зошто ме остави??? Како јас ќе живеам без тебе???? Денес ме напушти мојот животен сопатник со кој поминавме 47 години заедно во добро и во лоѓо. Утре од 10 часот ќе биде изложен во капелата Св. Недела. Погребот е во 12 часот во Новите гробиšта”, напиша Лилјана на својот ФБ профил.