Во сообраќајната несреќа загинаа 37-годишниот татко, неговата 35-годишна сопруга и нивните две деца на возраст од 16 и 13 години.
Безбедносна камера го сними моментот на трагичната сообраќајна несреќа во која загина четиричлено семејство во Турција кога автомобилот во кој се возеле паднал од мост.
Во сообраќајната несреќа што се случи минатата недела животот го загубија 37-годишниот Вејсел Ајдогмус, неговата 35-годишна сопруга Емине и нивните две деца 16-годишниот Батухан и 13-годишниот Мете.
Несреќата се случила на мост во Адана кога 37-годишникот се обидел да претекне возило од предната страна, но не сфатил дека во исто време друг автомобил се обидува да го стори истото.
Како што може да се види на видеото, автомобилот во кој се возело четиричленото семејство почнал да се движи цик-цак пред конечно да ја пробие оградата и да излета од мостот.
Adana'da otomobilin köprüden baraj gölüne düşmesi sonucu anne, baba ve 2 çocuğunun öldüğü kazanın görüntüleri ortaya çıktı.
— Kimsesiz Haber (@kimsesizhaber) July 23, 2024
Kaza, 21 Temmuz günü Çukurova ilçesine bağlı Topalak Mahallesi Çatalan Köprüsü'nde meydana geldi. Veysel Aydoğmuş'un kullandığı, içinde 16 yaşındaki oğlu… pic.twitter.com/r6YaSHEenr
Извор: newz24live.com