ФОТО Страотни сцени од местото на несреќата: Доцна синоќа се судрија две возила – првични информации

Две возила се судрија доцна синоќа, по што едното заврши во оградата кај Министерството за економија, објави Република.

Сообраќајката се случи некаде половина час по полноќ на раскрсницата од улиците „Рузвелтова“ и „Народен фронт“ во Капиштец.

Предната страна на едното возило е целосно смачкана, додека другото се излизга и удри во ограда.

Полицијата изврши увид на лице место и повеќе детали ќе се знаат во текот на денот.

Ова е крстосница која не е регулирана со семафор.

Фотографиите погледнете ги ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде