Земјотрес ја потресе Македонија утрово.
Јачината е 3,2 степени според Рихтер, а епицентарот е на 120 км од Пехчево.
Длабочината е 11,9 километри.
Да потсетиме, вчера имаше неколку земјотреси во Македонија.
– Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда ML3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).