ПОСЛЕДНА ВЕСТ: Уште еден земјотрес стресе делови на Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и Рихтерова локална магнитуда ML3.1. е регистриран утрово од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија.

Епицентарот е во подрачјето Делчево – Берово, 123 километри југоисточно од Скопје.

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил во 08 часот и 46 минути, а го почувствувале жителите на градовите Пехчево, Берово и околината.

Вториот земјотрес бил со послаба јачина од 2,1 степен седум минути подоцна со епицентар во истото место и на длабочина од десет километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде