Пукање во Тетово, 25-годишно момче пренесено во болница

На 27.07.2024 во 03.30 часот во СВР Тетово, Г.Ќ.(25) од Данска, со живеалиште во Тетово, пријавил дека на 26.07.2024 околу 21.30 часот пред угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај тетовско Пршовце,

додека седел во патничко возило со негови другари, Л.Ф.(26) од Данска, со живеалиште во скопско, од огнено оружје пукал кон него и му нанел прострелна рана.

Тој бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде