Славчо Попоски утрово објави: Еве какво време не очекува овој викенд

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендов времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер  од променлив правец.

Повторно температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради нов продор на топол бран од Африка.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38, 39 степени. Во Скопје температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 35  и 38 степени.

Ув индексот за време на викендов ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде