Трагедија го потресе регионот:Едно лице загина, а седум се повредени во страотна несреќа

Во судир на три пловни објекти во Жабљак Црнојевица загина Драго Вукчевиќ, а седум лица се повредени, неофицијално информираат за „Вијести“ од полициската управа.

Според истите информации, до судирот дошло околу 22 часот.

Како што изјави за „Вијести“ извор од Итната медицинска помош, во судирот учествувале два глисери, а едно тешко повредено лице пренесено со Брза помош е во стабилна состојба.

Неколкумина од нив со полесни повреди со приватни возила се пренесени во Ургентниот центар пред пристигнувањето на екипите.

Три екипи за итни случаи беа на местото на настанот, додадоа од Итната медицинса помош.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде