ВИДЕО Силно невреме беснее во регионот

Невремето што го зафати северозападниот дел на Словенија се движи низ Горење, Корушка и Штаерска на исток и југоисток од земјата.

Чрна во Корушка повторно е под вода, а во Сподњи Јавор лавина затрупала локален жител кој бил спасен од пожарникарите, јави РТВ Словенија.

Лавината го затрупала човекот до половината, спасувачите го однеле повреден во болницата во Словењ Градац, јавуваат локалните медиуми. Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за вечерва поради можност за засилено локално невреме.

Ќе дува засилен северен и североисточен ветер, се очекуваат громови, врнежи од дожд, а локален град, предупредуваат метеоролозите.

Во исто време, Цивилната заштита на Хрватска предупреди на можно невреме со грмежи кои се движат од територијата на Словенија кон северозападна Хрватска, објави порталот Index.hr. Портокалов метео аларм е вклучен и за Истра и континентална Хрватска.

Предупредувањето за невреме со грмотевици е подигнато на портокалово ниво за Загреб и Карловачки регион, соопшти Државниот хидрометеоролошки завод.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде