Ангелов вечерва со вонредно обраќање: Пожарoт се шири кон градот, се обидуваме да го пресечеме

Денеска гори цела Источна Македонија. Пожар се движи и кон градот Свети Николе. Се надеваме дека пожарот ќе го пресечеме доволно далеку од градот, со цел истиот да не дојде до објектите што се дел од предградието.

Ова вечерва го изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, посочувајќи дека пожарите поради ветрот брзо да се шират, а зафатија околу 12 села, каде изгореа и многу куќи, дел од нив стари, но и нови.

Опжарен терен, Светиниколско, после с. Малино кон Свети Николе / Видео: ЦУК

„Се обидуваме да ги локализираме пожарите на начин што ќе ги заштитиме сите населени места. Во текот на ноќта ќе се продолжи со обезбедување со тешка механизација на сите села што можат да бидат зафатени од пожарите“,вели тој.

Според него, при евакуација на жителите, имале проблем со дел од жителите на селото Немањци, Светиниколско, што не сакале да ги напуштат куќите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде