„Ауди“ излета од патот, две лица итно пренесени во болница

Две лица се повредени откако со „ауди“ излетале вчера од патот Скопје-Куманово.

„На 28.07.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Куманово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(49) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде