Шокантни сцени од светиниколско – Горат куќите, жителите не сакаат да ги напуштат – полицијата присилно ги евакуаира

Во Светиниколско три села се зафатени од пожарите, додека во селото Немањици од пожарот се изгорени една четвртина од куќите, вели градоначалникот на Општина Свети Николе Дејан Младев.

Поголем проблем претставува и одлуката на дел од жителите, соптственици на опожарените куќи, кои одбиваат да ги напуштат огништата, па полицијата мора присилно да ја спроведе евакуацијата и да носи жител по жител на безбедна локација.

Во моментот со огнената стихија се справуваат пожарникари од Свети Николе, доброволци, месното население, пожарникари од Штип, Неготино и Кавадарци и Велес.

На терен е присутна и војската, а еден хеликоптер интензивно ги гаси куќите кои горат во село Немањици.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде