УЖАС: Малолетничка прегазена од „ауди“, со тешки повреди итно пренесена во болница

Малолетничка е тешко повредена откако во неа удрило возило „ауди“. 

– На 28.07.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во село Кондово, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(51) од с.Кондово, удрило во малолетничка од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде