Момче од Данска на 22 години ја предизвикало сообраќајката на влезот од Битола кај Поранешен Транскоп и претекнувајќи директно удрило во кола од спротивната страна при што тешко повреди возач и совозач, објави порталот АПЛА.мк.
Тешко повредени се мајка и син кои од ударот се здобиле со сршеници на бутните коски, ребрата и контузија на главата, велат од семејството на повредените, пренесува Апла.мк
Жената во текот на ноќта е оперирана во Битолската клиничка болница, операцијата на синот е во тек.
Според кажувања на очевидци за АПЛА.мк, Данецот со брза кола претекнувал и влетал во спротивната лента по што од брзината предизвикал силен и директен удар и оштетување на автомобилот во кој биле тешко повредените.
Фото и извор: АПЛА.мк