Мицкоски за зголемување на минималната плата: Интересот на работниците е да има работа, сакаме среќни работници

Нашата политика не е богати и среќни неколкумина политичари коишто се богатат на грбот на работниците. Нашата политика е да имаме среќни работници, а изморени, измачени политичари коишто работат за интересот на работниците.

Покачувањето на минималната плата е регулирано со закон. Јас жалам за обидите на дел од раководството на синдикалните организации да бидат политичари или, пак, слуги на опозициски политичари или опозициски партии, а не да работат во интересот на работниците, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

– Мислам дека интересот на работниците е да има работа, а не да нема работа. Јас мислам дека тоа е интересот. Јас се борам да работниците имаат работа, да заработат затоа што колку повеќе ќе имаме богати и среќни работници толку подобро ќе биде и за нас.

Нашата политика не е богати и среќни неколкумина политичари коишто се богатат на грбот на работниците. Нашата политика е да имаме среќни работници, а изморени, измачени политичари коишто работат за интересот на работниците – изјави Мицкоски при посетата на Кавадарци.

Тој додаде дека секогаш е подготвен да седне и да разговар со синдикалните лидери.

– А октроирани со фалсификувани документи лидери на синдикални организации коишто се политички инструмент на опозициски партии, коишто се сликаа најчесто пред 1 Мај, а ништо не испорачуваа за работниците жалам, можам да изразам жалење што тие дозволиле да бидат вклучени во еден таков процес и ги замолувам во името на позицијата која што ја држат таква каква што ја држат на начин како што ја држат да внимаваат затоа што ние сме нивен партнер, на работниците. Сакаме да имаме среќни и богати работници – изјави тој.

Претходно, претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека очекуваат усогласување на платите од септември оваа година и дополнително зголемување на платите идната година, за кое вели дека ќе се случи согласно потпишаниот општ колективен договор за јавен сектор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде