Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека при гаснење пожар во село Орел, Светиниколско,
се превртело возило на Територијалната противпожарна единица Кавадарци, и двајца пожарникари се здобиле со повреди.
„Од Итна медицинска помош им била укажана помош, па биле пренесени во болницата во Кавадарци“, се вели во соопштението на МВР.
Повреден пожарникар бил вчера примен и во Клиничката болница во Штип.
„Вчера во 13.45 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ѓ.(38) од Штип – пожарникар од Територијалната противпожарна единица Штип.
Според пријавеното, тој вдишал чад при гаснење на пожар во Штипско“, информираше МВР.