Тешка сообраќајна несреќа, две малолетнички и маж пренесени во болница

Две малолетнички, од кои една потешко, и уште едно лице се повредени во сообраќајка што се случила во скопко Ѓорче. 

– На 28.07.2024 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на  ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки,

управувано од Р.П.(39) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од село Теарце, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото „мерцедес“, а со телесни повреди се здобиле возачот З.М. и уште една негова малолетна сопатничка, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа денеска од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде