На 31.07.2024 во 02.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Лазар Лазаревски“, на Б.З.(44) од гостиварско Неготино, кој управувал патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, му се слошило,
по што изгубил контрола и со возилото удрил во паркирано возило „нисан“ со гостиварски регистарски ознаки, паркирано од А.С.(62) од Гостивар.
Б.З. бил пренесен во Медицински центар во Гостивар, каде што лекар констатирал смрт.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа при ОВР Гостивар.