Уште една тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта.
На 01.08.2024 во 00.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат с.Неготино-Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со гостиварски регистерски таблици,
управувано од С.Ш.(51) од Неготино, и патничко возило ,,џип“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Н.Д.(46) од гостиварско Горјане.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле патниците од возилото „џип“ С.Н.(25) и С.Н.(40) од Горјане и С.Ш., додека Н.Д. и три малолетни сопатници се здобиле телесни повреди,
констатирани во медицински центар во Гостивар. Увид на лице место извршила екипа од ОВР-Гостивар.