Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умрен ветер од променлив правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре и за деновите од викендот во попладневните часови се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени, а максималната ќе се достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, пак, времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 38 степени.