Славчо Попоски со најнова прогноза: Доаѓа невреме – ЕВЕ КОГА влегува во Македонија

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на поладен атмосферски фронт на висина, утре (петок) особено во северните предели, а за време на викендот, особено во сабота на повеќе места во попладневните часови ќе има развој на грмотевични облаци кои ќе условат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во ваква ситуација, локално ќе има појава на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и со појава на град.

Токму поради ова, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

И во Скопската котлина утре (петок) како и за време на викендот, особено во сабота во попладневните  и во вечерните часови ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат многу високи и насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина тие ќе се искачат  и до околу 40 степени. Сосема мал пад на температурите ќе има од недела, но и понатаму тие ќе бидат многу високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде