Малолетник и 22 годишно момче повредени во тешка сообраќајна несреќа

Малолетник и 22-годишно момче од Штип се повредени откако паднале од мопед. 

На 01.08.2024 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“  во Штип, И.Н.(22) од село Стар Караорман, штипско, управувајќи мопед „априлиа“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

 Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде